Истуривте црвено вино на тепихот? Ова ќе ве спаси од панично чистење

popara27 април, 20251min00
Screenshot_2

Тврдокорните дамки од вино на тепихот можат да бидат доста фрустрирачки бидејќи мора да бидете особено внимателни при чистењето. Но, можете успешно да ги отстраните со помош на овие состојки.

 

 

 

 

Измешајте две чаши топла вода со една кафена лажичка бел оцет и една лажичка детергент. Натопете сунѓер во течноста и истиснете го на дамката. Потоа истријте ја дамката со чиста крпа и исушете ја.

 

Потоа истурете малку вода директно на дамката или натопете чиста крпа во ладна вода и исцедете ја на тепихот за да се разреди виното. Земете сува крпа и употребете ја за да ја впие водата од тепихот. Повторете ја оваа постапка неколку пати додека дамката целосно не исчезне.

 

Постојат неколку други начини за чистење на вакви тврдокорни дамка кои можат да ви помогнат. Еден од нив е да се помеша детергент со водород пероксид во сооднос 1:2. Почекајте неколку минути да делува и исчистете со чиста крпа или сунѓер.

 

Сода бикарбоната исто така може да биде корисна. Измешајте вода и сода бикарбона во однос 3:1 и нанесете на дамката. Потоа покријте ја дамката со чиста крпа и на неа ставете тежок предмет, бидејќи на тој начин сода бикарбоната ќе навлезе подлабоко во тепихот. Оставете така преку ноќ и наутро со правосмукалка исчистете ја преостанатата сода бикарбона.