Секоја година иста дилема – колку долго да ги варите јајцата, што ако пукнат, ако не се лупат лесно?
Неколку едноставни совети со кои оваа година ќе имате совршено сварени јајца за Велигден:
- Најдобро е да купите мали јајца или јајца со средна големина, бидејќи обично се потврди.
- Ако можете, купете домашни јајца од некој кој знаете дека чува кокошки и по можност, да бидат бели, бидејќи истите подобро ја примаат бојата.
- Свежината на јајцата проверете ја на тој начин што ќе ги ставите во ладна вода, ако испливаат на површината истите се далеку од свежи.
- Јајцата најдобро е да ги варите на ниска температура, а водата во која ги варите да биде посолена. Можете да додадете и лажица до две, оцет.
- Пред варењето, јајцата од фрижидерот не ги ставајте одма во водата, мораат да бидат на собна температура пред да се варат.
- Варете ги во ладна вода и почекајте истата постепено да се загрее, така нема да пукнат.
- Пред да ги варите јајцата исчистете ги со сјај за садови за да ги отстраните нечистотиите.
- Јајцата можете да ги варите и на пареа, но тогаш подолго се варат (околу 20 до 25 минути).
- За да се излупат полесно, по варењето, јајцата ставете ги во ладна вода.