Имате вложено во скапа четка за коса која го негува влакното, но само по неколку користења, веќе се насобрала нечистотија помеѓу игличките. Да, вистината е дека и скапите четки се валкаат. Еве еден едноставен трик за брзо и ефикасно чистење, кој треба редовно да го применувате.
Потребно:
- Чепкалка за заби или чешел
- Стара четка за заби
- Течен детергент или шампон за коса
Постапка:
- Со рацете, со чепкала или со чешел отстранете ги најпрво влакната.
- Во леген ставете топла вода и додајте малку шампон или детергент.
- Четката натопете ја во водата и оставете ја да постои неколку минути.
- На четкичката за заби ставете уште малку од средството што одлучивте да го користите и убаво истријте ја четката од сите страни, притоа фаќајќи го и просторот помеѓу игличките. Потоа оставете ја четката уште малку во водата.
- По 10 минути проверете дали е отстранета нечистотијата, а ако не е, повторете ја постапката со четката за заби.
- На крајот исплакнете ја четката со топла вода и оставете ја да се исуши.