
Ви треба:
1 кг спанаќ
250 г кора од лазањи
чешне лук
2 лажици путер
300 г свежо сирење
200 г павлака
главица кромид
150 г рендано сирење
морско оревче бибер, сол
Подготовка:
Во растопен путер испржете ситно исечкан кромид и лук. Исчистете го и измијте го спанаќот, па бланширајте го во врела вода. Потоа исцедете го, исечкајте го и измешајте го со кромидот. Зачинете со мускатно оревче, сол и бибер. Измешајте го сирењето со павлака, па сол и бибер. Во добро намастен плех за печење, наизменично наредете ги лазањите, спанаќот и сосот од сирење. Завршете со сосот. Посипете со сирење и печете во рерна на 200 степени околу 45 минути.