
Пејачката Мараја Кери неодамна настапи во Лас Вегас, а откако на социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од нејзиниот концерт, многу нејзини обожаватели почнаа да изразуваат загриженост за нејзиното однесување на сцената.
На една од објавените снимки, Кери можеше да се види како ја изведува својата песна со недостаток на енергија. Таа полека се движеше по сцената, а додека пееше, покрај неа една од танчерите изведуваше кореографија.
Оваа снимка предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а многу фанови поставуваа прашања за нејзиното здравје.
„О, Боже, добро е?“, „Дали има болки? Што се случува?“, „Малку сум загрижена за Мараја“, „Изгледа како едвај да се движи“, „Изгледа вкочането“, беа дел од коментарите.
Освен тоа, ја споредуваа со пејачи кои се постари од неа и кои се уште даваат енергични настапи.
„Шер се уште може да се движи на нејзина возраст, а Мараја изгледа како да не може“, „Мадона има 66, 11 години постара од Мараја и сè уште танцува како луда“, напишаа некои корисници на социјалните мрежи.
И покрај загриженоста, на Мараја Кери и остануваат уште неколку концерти за да ја заврши нејзината резиденција во Лас Вегас, која започна минатата година. Последниот настап е планиран за 15-ти февруари.
Интересно, пејачката неодамна го привлече вниманието поради наводните гласини за врска со музичарот Андерсон Паак. Првите информации за нивната наводна врска се појавија во декември, кога беа видени заедно во Аспен.
Потоа отишле заедно на вечера, а пред да влезат во ресторанот се држеле за раце, а Андерсон дури ја фатил за половината и и ја отворил вратата. Сепак, извори подоцна изјавија дека не се работи за врска, туку дека планираат соработка на музички проект.