МАФИНИ СО ЗЕЛЕНЧУК! Брз и евтин појадок!

popara15 јануари, 20251min00
480300_x1-mafin-1632336343_f

Вкусните мафини од зеленчук брзо се прават и се одличен избор за појадок или вечера

Готови се за помалку од половина час!

Состојки:

3 јајца

50 мл млеко

сол и бибер по вкус

2 пиперки

неколку цветови карфиол

5-6 чери домати

малку рендан кашкавал

Подготовка:

Јајцата се матат со млекото, се додава сол и бибер. Потоа додадете ја пиперката, карфиолот и чери доматите кои сте ги исецкале на ситни парчиња. Додадете го ренданиот кашкавал. Добро измешајте и наполнете ги калапите за мафини.

Се пече во загреана рерна на 180°C околу 20 минути.