
Без разлика дали немате клима уред, или не го користите поради проблеми со синусите, или сакате да заштедите на сметката за струја, постои евтин и лесен начин да ја намалите температурата во вашиот стан и да ги олесните овие топли денови. Ќе ви покажеме три начини да го засилите вентилаторот и да се разладите.
Замрзнете вода
Потребни ви се сол, вода и шест пластични шишиња. Истурете две лажички сол во секое шише, наполнете ги со вода и ставете ги да замрзнуваат. Наутро, наредете ги пред вентилаторот и ставете послужавник под шишињата. Солта ќе ја задржи водата замрзната подолго, а вентилаторот ќе ја разлади просторијата исто како клима уред.
Мраз во сад
Многу луѓе веќе го користат овој трик, бидејќи е поедноставен од претходниот, а работи на истиот принцип. Ставете широк, плиток сад пред вентилаторот и наполнете го со коцки мраз. Тие ќе се стопат, па поладен воздух ќе тече низ просторијата, а кога ќе се стопат, само додадете повеќе коцки. Тоа сигурно ќе ви овозможи да се чувствувате поудобно на оваа топлина.