
Крит е најголемиот грчки остров и петти по големина во Средоземјето. Важи за остров богат со историја, природа и прекрасни плажи. Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Препознатлив е по критското вино и музика.
За Крит има навистина многу да се пишува, но ни одбравме тема која ги интересира сите туристи во лето – плажите.
Ако имате можност да го посетите островот, уживајте барем на дел од овие 20 прекрасни плажи:
1. Frangokastelo
Голема песочна плажа идеална за деца и повозрасни. Уживајте во погледот од стариот замок.
2. Glyka Nera (Слатки води)
Кристална вода во близина на Сфакиа. Пристапот е пешки или со брод.










3. Domata
Настаната од конгломератски формации со делување на солта и воздухот. Пристапот е возможен само со приватен брод.
4. Kedrodasos
Магично место со бел песок и тропска вода.
5. Elafonisi
Најпопуларната плажа на островот, па дури и во Грција. Привлекува илјадници туристи. Кристална тиркизна вода, островче среде морето…
6. Falassarna
Огромна бела плажа со ситен песок и парчиња карпи на места. Позната по најголемите журки на островот.
7. Balos lagoon
Најфотографираната плажа на Крит. Достапа со 4×4 автомобил или со ферибот од Кисамос.
8. Sarakiniko (на островчето Gavdos, јужно од Крит)
Ако сте сместени во југоисточниот дел на Крит, задолжително отпатувајте до малото островче Гавдос. Африкански пејзажи и кристална вода која вреди да се доживее.
9. Agios Pavlos
Веројатно плажата која има најпријатна атмосфера на Крит. Огромни песочни дини и едно од најубавите зајдисонца во Грција.
10. Souda
Порано била место каде се собираат хипиците и нудистите. Денес е одлично организирана и важи за една од најубавите плажи во областа Plakias.