Најевтиниот град во светот: Таму ќе јадете одлична улична храна за смешни суми на пари

popara20 март, 20251min00
Screenshot_5

Некои веруваат дека зголемениот интерес за Хои Ан во Виетнам се должи на фактот што минатата година беше прогласен за најевтиниот град во светот за патници, според традиционалното истражување на Британската пошта наречено „Светски барометар на трошоците за одмор“, пренесува „Јуроњуз“.

 

 

 

 

Хои Ан е крајбрежен град покрај Јужно Кинеското Море во Виетнам, кој во последно време станува сè попопуларна туристичка дестинација. Некогаш важен пристанишен град, денес е атрактивна туристичка локација со прекрасни плажи и пријатни температури, кои во март достигнуваат околу 28 степени Целзиусови.

 

Ако се најдете во Хои Ан, задолжително истражете го неговото старо градско јадро, кое е заштитено од УНЕСКО и се наоѓа на Листата на светско наследство. Таму можете да уживате во тесните, кривулести улички украсени со шарени лампиони, традиционалната архитектура и бројните продавници со сувенири.

 

Една од посебностите на Хои Ан се и бројните кројачки работилници, каде што можете да добиете облека по мерка по многу прифатливи цени.

 

Освен тоа, не треба да се пропушти ниту одличната локална гастрономија. Посебно се препорачуваат као лау – нудли со свинско месо и зеленчук, познатиот виетнамски сендвич бан ми, како и оризовите кнедли бан бао вак.

 

Истражувањето на Британската пошта покажа дека цените во Хои Ан се извонредно прифатливи, а во некои сегменти дури и значително пониски во споредба со други земји. На пример, половина литар пиво во овој виетнамски град чини само 1,16 британски фунти, односно околу 1,38 евра, додека цената на кремата за сончање изнесува 4,40 евра.