
Овој метод за чистење на рерната, за кој многумина тврдат дека е поефективен од сода бикарбона и оцет или силни средства за одмастување и жичен „сунѓер“, веднаш ќе ги отстрани маснотијата и нечистотијата од вратата на вашата рерна, и стаклениот дел и металната рамка.
Се што ви треба за овој трик е таблета за миење садови (или две) и сад со топла вода. Користете само таблети во прав, никогаш таблети со гел.
Ставете ја таблетата во вода и држете ја доволно долго за да впие малку вода, но не премногу долго за да се распадне. Потоа едноставно истријте ја вратата со таблета, не е потребен сунѓер! Користете ја дланката за да ја движите таблетата со кружни движења за да ги отстраните дамките и маснотиите.
Ако таблетата почне да се суши, вратете ја во водата. Овој трик е одличен за чистење на стаклото од вратата на рерната, но е ефикасен и за металната рамка, потребно е само малку поголем притисок. Кога ќе завршите, избришете ги остатоците од таблетите и нечистотијата со влажна крпа.
Таблетите за машини за миење садови се направени од детергент концентрат, поради што ја отстрануваат и најтврдоглавата маснотија и ги оставаат садовите сјајни. Овие моќни состојки делуваат и на маснотии и запечени места во рерната. Покрај тоа, таблетите имаат абразивна површина која ги чисти и најтврдокорните дамки, но е доволно нежна за да не го изгребе стаклото на вратата од рерната.