
Дваесет и осум години по објавувањето на еден од најпознатите филмови на сите времиња, Титаник, еден гледач забележал грешка.
Филмската продукција е многу напорна и обемна задача, па повремено се случува да остане помала грешка во финалната верзија на филмот. Така, во една сцена од познатиот филм Титаник остана незгодeн лапсус, а тоа го забележа еден обожавател Рафа Авила.
Пропустот на филмската екипа го посочи на своите социјални мрежи каде редовно објавува содржини поврзани со филмот. Како што рече во видеото, се случила грешка при снимањето на сцената со главниот лик Џек Досон, кој го игра познатиот холивудски актер Леонардо ди Каприо.
Во таа сцена, Џек Донсон оди на вечера во делот од високата класа на бродот. Влегува преку стаклена врата, која ја отвора еден од вработените. Кога се отвора вратата, во одразот на стаклото се гледа камерман кој држи камера во рака и гледа во вратата.
@raf_avila Another Titanic movie mistake! Y’all ever notice this one before? #titanic #titanicmovie #titanicsinking #moviemistakes
♬ Titanic movie mistake camera in glass – Titanic Guy Raf Avila
„Сите ја знаеме сцената кога Џек се подготвува за вечера. Сакам да обрнете големо внимание на вратата и да ми кажете дали забележавте нешто посебно овде“, рече Авила и додаде: „Камерманот јасно се гледа во стаклото“. „Сега нема да можете да го гледате филмот без да го забележите.“
Видеото во кое Авила укажува на грешката веќе има повеќе од 200.000 прегледи на TikTok. Фановите на Титаник различно реагираа на новата информација. Некои рекоа дека не им пречеше грешката, додека други беа малку разочарани од новото откритие.