Паметните часовници добиваат опција што би можела да ви го спаси животот: Обрнете внимание на ОВИЕ предупредувања

popara23 јуни, 20251min00
dfgdfgdfg

Ако користите паметен часовник со Wear OS како оперативен систем, наскоро ќе добиете надградба што може да ви го спаси животот.

Имено, Google започна надградба која носи една од големите функции на Android на паметните часовници – рано предупредување за земјотрес.

Да потсетиме, Google ја воведе функцијата за предупредување за земјотрес на своите телефони со Android уште во 2020 година. Функцијата ги предупредуваше корисниците со аларми и предупредувања од неколку секунди до повеќе од една минута пред да почувствуваат земјотрес, за да се подготват за ударот.

За да го постигне ова, Google одлучи да ги користи акцелерометрите во телефоните со Android како мини сеизмометри. Кога уредот ќе открие земјотрес, тој ги испраќа податоците до серверите на Google, кои снимаат дали потресите доаѓаат од други уреди. Доколку открие многу потреси, системот ја проценува локацијата и јачината на земјотресот и испраќа известување.

Корисниците на паметните часовници во иднина ќе можат да гледаат две предупредувања на своите уреди: „Биди внимателен“, кој ќе се активира при откривање благи потреси и нема да го активира звукот ако звукот е исклучен. Предупредувањето „Движете се“ доаѓа во посериозни ситуации, со посилни потреси и е придружено со силен аларм и црвено предупредување на екранот, дури и ако звукот е исклучен. Исто така, покажува совети за безбедно однесување за време на земјотрес.

Во итни ситуации, како што е претстојниот земјотрес, известувањето за неговото пристигнување може да значи разлика помеѓу животот и смртта за некои корисници, особено во областите каде што се чести силни земјотреси (Јапонија, Филипини, Турција…).

Се уште не е познато кога оваа опција ќе биде достапна на сите уреди со Wear OS, но се претпоставува дека ќе биде во следните неколку недели.