
HBO на својата официјална страница на Инстаграм објави дека започнала продукцијата на третата сезона на хит серијата „Euphoria“.
Иако третата сезона на серијата беше потврдена уште во февруари 2022 година, новите епизоди нема да бидат објавени до крајот на 2025 или 2026 година. Снимањето првично требаше да започне во првата половина на 2024 година, но сепак започна пред неколку дена.
Зендаја, која ја игра главната улога на зависникот Ру, рече дека би сакала серијата да има среќен крај. Колман Доминго, кој го игра спонзорот на Ру, истакнува дека снимањето ќе трае долго бидејќи има многу кратки сцени и дека креаторот на серијата Сем Левинсон е многу педантен, па чекањето ќе вреди.
Во врска со ова, магазинот People објави некои детали за третата сезона. Костимографката на серијата Хајди Бивенс рече дека третата сезона ќе биде поставена „околу пет години во иднината“ кога сите ликови ќе завршат средно училиште.
View this post on Instagram
Сторм Рид, која ја игра сестрата на Ру, Гиа Бенет, рече дека сака третата сезона да има „малку повеќе надеж и среќа“.
Покрај Зендаја, Сторм Рид и Колман Доминго, фановите можат да го очекуваат и враќањето на Хантер Шефер (Жулс Вон). Нејзиниот лик би можел да се обиде повторно да се поврзе со Ру.
Исто така, најверојатно ќе се вратат Доминик Фајк (Елиот), Ерик Дејн (Кал Џејкобс), додека Џејкоб Елорди (Нејт Џејкобс), Сиднеј Свини (Кејси) и Мод Апатоу (Лекси) исто најавија враќање. Судбината на ликот Фез моментално е непозната, бидејќи Ангус Клауд, кој ја играше улогата, неочекувано почина во август 2023 година.
Сепак, HBO се уште не објави датум за премиера за третата сезона.