Психички е многу лошо, не може да спие, има напади: Џастин Балдони не може да дојде при себе пред правната битка со Блејк Лајвли

popara12 февруари, 20251min00
Screenshot_15

Актерот Џастин Балдони, во пресрет на правната битка со неговата колешка Блејк Лајвли, призна дека е исцрпен од една година исполнета со емоционален стрес, пренесува „Пејџ сикс“.

 

 

 

 

Во епизодата на поткастот „Џентс тол“, снимена во ноември 2024, а објавена вчера, Балдони зборуваше за анксиозноста и исцрпеноста со кои се соочува.

 

„Им кажав дека не сум во најдобра состојба. Им кажав дека сум исцрпен, дека не си дадов време да се опоравам. Имав интензивна година – многу материјален успех, но и многу емоционален стрес. Тоа беше навистина тешко и за мене и за моето семејство“, се присети Балдони.

 

Балдони откри дека се бори со анксиозност, проблеми со спиењето и чувството дека не може да дише со полни гради, но дека сè уште ужива во својата работа.

 

„Ги сакам луѓето кои работат со нас. Ги сакам филмовите што ги снимаме. Ми се допаѓа влијанието што го имаме, но понекогаш е лесно да се повлечеш и да бидеш совладан од успехот и можностите“, изјави тој.

 

Интервјуто беше снимено во ноември, еден месец пред Лајвли да поднесе тужба за сексуално вознемирување против Балдони, обвинувајќи го и дека водел клеветничка кампања против неа. Балдони ги отфрли обвинувањата и возврати со тужба за клевета против „Њујорк тајмс“, кој известуваше за случајот.

На 16 јануари, Балдони поднесе тужба во вредност од 400 милиони долари против Лајвли, нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и нивниот публицист.

 

Неговиот адвокат, Брајан Фридман, оваа недела изјави дека актерот е „финансиски и емотивно уништен“ поради судскиот процес.

 

Во обид да ги побие тврдењата на Лајвли, Балдони неколку пати објавуваше необработени снимки од сетот на филмот„Ова завршува со нас“ („It Ends With Us“), каде што започнале нивните несогласувања. Исто така, тој покрена веб-страница на која сподели наводни текстуални пораки меѓу него и Лајвли.

 

Судењето меѓу Лајвли и Балдони е закажано за мај 2026 година.