
На интернет можете да најдете многу совети како да се ослободите од одредени дамки, да ја дезинфицирате облеката или да спречите избледување на боите на ткаенината – сепак, некои од нив навистина не даваат никакви резултати.
Повеќето од нас се научени да перат алишта на речиси ист начин, а тоа вклучува воспоставени совети за отстранување дамки и други „трикови“ кои ќе го олеснат овој процес. Сепак, иако овие совети ветуваат чуда – тие не секогаш функционираат.
Лимонот ја зголемува ефикасноста на детергентот
Можеби веќе сте слушнале дека додавањето сок од лимон во машината за перење ја зголемува ефикасноста на детергентот. Науката во основа би се согласила со ова, бидејќи може да помогне да се отстрани наталожената нечистотија и остатоците од детергент и омекнувач оставени на облеката.
Сепак, еден лимон, од кој во просек можеме да исцедиме само неколку лажици сок, нема да биде доволен за видливи резултати.
Оцет за дезинфекција на облеката
Трик што можете да го најдете на интернет препорачува да додадете само една четвртина шолја оцет во водата за плакнење за да ја дезинфицирате облеката.
Оцетот навистина може да помогне при перење алишта, но поради релативно ниската концентрација на оцетна киселина, растворот не е доволно силен за целосно да ја дезинфицира облеката и да спречи ширење на бактерии и вируси. Сепак, може да помогне при облеката со непријатен мирис.
Додавање сол за да се спречи избледување на боите за перење
Друг совет од интернет препорачува да додадете чаша во машината за перење пред да започнете со циклусот на перење. Иако солта се користи во различни соединенија како средство за фиксирање на бојата, таа не може да ви помогне во овој случај.
Проблемот е што солта ги има гореспоменатите позитивни ефекти врз обоените текстили само во фазата на развој на материјалот, кога облеката ќе пристигне во плакарот тој процес е завршен и додавањето сол при перење нема да направи никаква разлика.