Сопругата на Џастин Балдони се огласи за прв пат по скандалот со Блејк Лајвли: „Повторно би те избрала тебе“

popara26 јануари, 20254min00
b_250125111

Емили Балдони, сопругата на Џастин Балдони, за прв пат проговори по скандалот со Блејк Лајвли, посветувајќи објава на нејзиниот сопруг.

Во својата објава на Инстаграм таа му честиташе роденден и порача дека повторно ќе го избере само него.

„Среќен роденден, љубов моја“, напиша таа покрај фотографијата на која се бакнува со сопругот, додека нивниот син Максвел (7) е на рамениците на неговиот татко, а нивната ќерка Маја (9) ги гушка.

Шведската актерка додала покрај бајковитата фотографија од семејството прегрнати пред океанот: „Го славиме мажот, сопругот и таткото што си. Би те избрала одново и одново“.
Ова е првпат Емили јавно да му изрази поддршка на Џастин среде неговата „правна војна“ со Лајвли. Актерот претходно зборуваше за тоа како неговите најблиски му помогнале да ги преброди тешките моменти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Baldoni (@emilybaldoni)

За потсетување, Блејк Лајвли го обвини Балдони дека вметнал импровизирана непотребна сексуална содржина и сцени кои вклучуваат голотија во филмот на многу вознемирувачки начини пред снимањето.

Во тужбата се наведува дека Балдони импровизирал бакнежи и се распрашувал за сексуалниот живот на Блејк. Актерката исто така тврди дека импровизирал физичка интимност која не била ниту вежбана, ниту договорена.

Балдони потоа ги тужеше Лајвли и Рајан Рејнолдс, тврдејќи дека тие го присвоиле неговиот филм „It Ends With Us“ и се обиделе да го уништат со лажни обвинувања за сексуално вознемирување.