Едно од најраспространетите новогодишни суеверија е дека не треба да се перат алишта на 1 јануари. Зошто?
Јануари е месец кој симболизира нови почетоци, кога многумина одлучуваат да свртат нова страница во животот. Првите денови од новата година често се исполнети со новогодишни одлуки и надежи за позитивни промени во наредните месеци.
Токму затоа има толку многу суеверија околу Новата година поврзани со личната среќа. Едно од овие верувања се однесува на перењето алишта, кое според некои обичаи не треба да се прави на 1 јануари, туку да се чека подоцна.
Една стара легенда вели дека перењето алишта на првиот ден од новата година може да „избрка некој близок“. Исто така, перењето алишта и чистењето околу Нова година може да ви ја „избрише целата среќа“, пишува британски Стандард.
Во некои култури, постои правило дека постапките на една личност на првиот ден од годината го предвидуваат неговото однесување во следните 12 месеци. Ова значи дека завршувањето на домашните работи, како што е перењето алишта, би можело да симболизира година полна со напорна работа.