Тест кој открива дали вашата коса е оштетена! Еве што треба да направите

popara7 март, 20251min00
Screenshot_1

Доколку е кршлива, тенка и без сјај, јасно е дека вашата косата не е во најдобра состојба. Но, дали некогаш сте се запрашале каква е нејзината структура? Овој тест ќе ви го открие тоа!

 

 

 

Сè што треба да направите е да земете еден прамен од косата и да го потопите во чаша со вода. Доколку влакната од косата плутаат на површината, тоа значи дека вашата коса е во добра состојба.

 

Спротивно од тоа, доколку вашите влакна тонат кон дното на чашата, тоа покажува дека косата е во состојба на “висока порозност”, односно дека е слаба и неотпорна на надворешните фактори.

 

Зошто влакното тоне?

 

Причината поради која се случува тоа е затоа што водата продира низ надворешниот слој на влакното, кое пак доведува до тоа косата под влијание на вода или влага да се витка, да го губи сјајот, а честопати и брзо да ја губи бојата.

 

Како да го подобрите квалитетот на косата?

 

Доколку сакате потполно да ја регенерирате вашата коса, треба да ја промените вашата исхрана, но и да обрнете внимание на правилната нега.

 

Во продолжение ви откриваме одлична маска за коса која ќе го потхрани влакното и длабински ќе го регенерира:

 

Изматете две белки, додадете две лажици јогурт, две лажици испасирано авокадо, лажица и пол испасирано киви, две и пол лажици мед и пет до осум капки есенцијално масло од рузмарин. Добро промешајте, нанесете по должината на косата и темето и оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете со млака вода.