ФАЛАФЕЛ: Крцкави залчиња од Блискиот исток, совршен прилог за ручек

popara16 јануари, 20251min00
108012_falafel-2_f

Потребно е:

450 гр наут
3 китки магдонос
1 куп копар
1 кромид
5 чешниња лук
1 лажичка сол
1/4 лажичка бибер
2 лажички мелен ким
половина лажичка коријандер
1/3 лажичка лута црвена пиперка
1 лажичка прашок за пециво
половина лажичка сода бикарбона

Подготовка:

Во сад ставете го наутот и покријте го со вода. Додадете сода бикарбона и оставете да отстои 16 часа. Потоа процедете и исушете го наутот, па ставете го во блендер. Додадете сечкан магдонос, копар, кромид и лук. Сите состојки добро измешајте ги. Потоа додадете сол, бибер, ким, коријандер, лута црвена мелена пиперка и повторно изблендирајте. Префрлете ја смесата во сад и покријте ја со пластична фолија. Ставете го во фрижидер најмалку 2 часа или преку ноќ. Додадете прашок за пециво во смесата и соединете. Со влажни раце обликувајте топчиња. На врело масло пропржете го фалафелот околу 3-5 минути. Се става на хартиена крпа да се исцеди вишокот масло.