Размената на подароци не е само човечка особина, постојат неколку животински видови кои меѓусебно си подаруваат работи.
Подароците генерално не се корисни и се разменуваат од интерес, поточно за да се добие можност за парење, но тоа не ги спречува животните упорно да ги разменуваат.
Мувите шкорпии (Mecoptera), на пример, разменуваат топчиња од плунка меѓу себе, кои мажјаците им ги испраќаат на женките како повик за парење.
Овој вид на „заведувачки“ подарок е забележан кај различни видови полжави, дождовни црви и лигњи. Птиците исто така уживаат да подаруваат – машките видови шрик (Laniidae) забиваат мали суштества на трње и гранчиња за да ги импресионираат партнерите, пред да им ги понудат на женките како подароци за додворување.
Меѓутоа, овој обичај е најраспространет меѓу инсектите.
Мажјаците од еден вид молци (Zygaena filipendulae) преку својот секрет им даваат цијанид на своите партнери, јавува Би-Би-Си.
Еден вид пајаци (Pisaura mirabilis), од друга страна, ги завиткува подароците во свила за потенцијалниот партнер за да изгледаат попривлечни, а подароците понекогаш се лажни, кога нема ништо во пакувањето.
Познато е дека другите инсекти понекогаш се обидуваат да „заштедат“ на подароци.
Некои инсекти, пак, им дозволуваат на женките покрај подарокот и физички да им наштетат, како врвен чин на самопожртвуваност.
Меѓутоа, одредени животински видови подаруваат алтруистички, едноставно за да му угодат на примачот.
На пример, делфините често им обезбедуваат на луѓето храна, како што се туна и октопод.
Исто така, некои истражувања покажаа дека врани им даваат различни подароци на луѓе кои им помагале со нешто во минатото.
Евроазиските сојки (Garrulus glandarius), кои припаѓаат на семејството на врани, исто така изгледаат дека им даваат подароци на своите сопружници алтруистички, заради радоста на подарувањето.
Мажјаците набљудуваат што сакаат да јадат женките за кои се заинтересирани за да најдат и понудат иста или различна храна врз основа на она што го виделе.
Овој тип на подароци е вообичаен и кај бонобоата, вид на шимпанзо што дели речиси 99 отсто од својата ДНК со луѓето.
Тие, исто како и луѓето, понекогаш даваат подароци на странци за да покажат гостопримство.
Бонобос често споделува храна со други бонобоа кои не се членови на нивната група, дури и по цена да се откажат од сопствената храна за да можат да комуницираат со некој нов.
Ова го наметнува прашањето зошто животните воопшто си даваат нешта, на што најчест одговор е дека тоа ја подобрува репродуктивната способност и на мажјаците и на женките, но и дека одредени видови едноставно уживаат во чинот на давање.
Кај некои видови, основниот инстинкт зад давање подароци е веројатно ист како кај луѓето – да се зајакнат социјалните врски со најблиските.