Ако имате проблеми со брзото будење или одеднаш се чувствувате поспано кога не е време за тоа, ова ќе го реши вашиот проблем, а станува збор за стимулирање на точка на вашето лице или акупунктура.
Ајлин Ли, акупунктуристка од Конектикат, тврди дека трикот за борба против поспаноста и заморот може да биде поедноставен отколку што мислите. Таа советува да го притиснете „копчето за рестартирање“ помеѓу носот и горната усна за да се разбудите за 20 секунди.
Во видео на TikTok, таа покажа како да активирате акупунктурна точка позната како DU-26.