Бизарниот потег на Кети Пери во Рим: Наместо монети, таа потопи картичка во Фонтаната Треви

popara20 април, 20262min00
b_260420042

Американската пејачка Кети Пери привлече внимание за време на посетата на Рим кога наместо монети, стави кредитна картичка во Фонтаната Треви.

Пери објави видео на Инстаграм од бизарната ситуација.

„Ви кажав во „Save as Draft“ дека не се замарам со кусур“, рече таа во видеото, осврнувајќи се на нејзината песна, која ја содржи стихот: „Не се замарам со кусур, но во последно време многу фрлам монети наоколу“.

„Чувствувам дека треба да ставам нешто во Фонтаната Треви за среќа“, продолжи таа, додека беше видена како ја потопува кредитната картичка во водата и ја фаќа пред да потоне.

Легендата вели дека фрлањето монети во познатата римска фонтана носи среќа.

„Едноставно се шетам низ Рим“, напиша таа во описот на фотографиите и видеата од нејзиното патување на Инстаграм.

Нејзиното патување во Рим доаѓа по обвинувањата од Руби Роуз дека сексуално ја нападнала пред 20 години. Пери е под истрага на полицијата по обвинувањата.