
Состојки:
3 лажици масло
2 лажици брашно
3 чешниња лук
500 мл пире од домати (испасирани варени домати)
500 мл вода
1 лажица шеќер
1 лажичка сув зачин од зеленчук
Магдонос
Бибер
Тестенини
Подготовка:
На загреаното масло пропржете го ситно исечканиот лук околу една минута. Потоа додадете го брашното и промешајте. Тргнете го садот од оган и постепено додавајте го пирето од домати, постојано мешајќи за да не се создадат грутчиња. Додадете ја водата и оставете ја течноста да зоврие. Потоа додадете тестенини по ваш избор. На крај, во супата додадете ги шеќерот, зачинот и магдоносот, и обилно зачинете со бибер.