Германска компир-салата: Никогаш не сте ја пробале волку вкусна, а тајната е во 1 состојка

popara10 јули, 20261min00
1274077_shutterstock-755046568_m

Германската салата од компири е совршен прилог со печено месо, скара и колбаси, но и самостојно како лесен летен ручек.

За разлика од класичната верзија на која сме навикнати да јадеме, оваа салата не содржи мајонез, туку се подготвува со топол дресинг кој им дава на компирите богат и полн вкус.

Ова традиционално јадење е многу популарно низ цела Германија, а особено во Баварија, каде што се подготвува според рецепт со ароматичен дресинг од супа, сенф, оцет и масло. Благодарение на оваа комбинација компирите остануваат сочни и ги апсорбираат сите вкусови.

Состојки:

1 кг компири
1 голем кромид
неколку стебленца млад кромид
250 мл топла супа од месо или зеленчук
2 лажици оцет
1 лажица сенф
1 лажичка мед
4 лажици масло
сол и бибер по вкус

Подготовка:

Добро измијте ги компирите и сварете ги со лушпа во лесно посолена вода.

Кога ќе омекнат, исцедете ги, оставете ги да се изладат неколку минути, а потоа излупете ги додека се уште топли. Исечете ги на прстени или поголеми парчиња и ставете ги во сад.

Ситно исечкајте го кромидот, прелијте го со мала количина оцет и оставете го да омекне неколку минути. Потоа измешајте го со компирите, а одозгора додадете го ситно исечканиот млад кромид.

Во посебен сад, измешајте ја топлата супа, остатокот од оцетот, сенфот, медот, маслото, солта и биберот. Добро измешајте за да добиете мазен дресинг.

Прелијте ја топлата смеса врз компирите и нежно промешајте за да спречите парчињата да се скршат. Ова е најважниот чекор; компирите најдобро го апсорбираат дресингот додека се уште топли, што ја прави салатата особено вкусна и полна со вкус.

Можете да ја послужите веднаш додека е сè уште млака со месо во сос или други јадења, или да ја оставите во фрижидер неколку часа за да се спојат вкусовите уште подобро.