
Сериозни ограничувања.
Животот во кралските семејства, иако гламурозен, всушност вклучува низа строги правила што членовите мора да ги почитуваат без исклучок.
Овие правила влијаат на речиси сè, од изборот на имиња на децата и користењето титули, до бракот и јавното однесување.
Скоро сите кралски куќи имаат правила: во Данска, името на новороденчето се открива само при крштевање, во Шведска, на некои членови на семејството им се одземени титулите, додека во Јапонија, жените го губат својот статус ако се омажат за некој надвор од кралското семејство. Во Монако, бракот бара дозвола од монархот, а во Обединетото Кралство постојат непишани правила за кодексот на облекување на официјални настани.
Сето ова покажува дека кралските семејства сè уште се силно под влијание на традицијата и протоколот што го ограничуваат личниот избор.