
Психолозите од Универзитетот Оксфорд во студија спроведена во 11 земји откриле дека луѓето најмногу уживаат во кафе во среда, особено наутро.
Во анкетата учествувале 3.000 луѓе, а студијата е спроведена помеѓу април 2024 и февруари 2025 година во 11 земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство. Истражувачите веруваат дека расположението во средината на неделата се подобрува затоа што луѓето го надминале најстресниот дел од работната недела и со нетрпение го очекуваат викендот. Авторот на студијата, Чарлс Спенс, рекол:
„Среда е почеток на одбројувањето до викендот, што може да ги натера луѓето да се чувствуваат попозитивно за сè, вклучително и за тоа што пијат.“
Тој додаде дека годишните времиња можат да влијаат и на искуството со вкусот. На пример, напролет, кога времето се подобрува, многу луѓе почнуваат повеќе да уживаат во кафето.
Студијата, исто така, открила дека испитаниците повеќе уживале во кафето кога седеле со пријатели отколку кога го пиеле сами, стоејќи или одејќи. Исто така, подобро е пијалокот да биде без капак, бидејќи капакот го намалува мирисот.
Анкетата, исто така, покажа дека припадниците на генерацијата X и миленијалците, на возраст од 30 до 60 години, генерално уживаат во кафето повеќе од припадниците на генерацијата Z кои се под 30 години.