КИФЛИЧКИ СО ШУНКА КОИ ОСВОЈУВААТ НА ПРВ ЗАЛАК: За кое било време од денот

popara18 февруари, 20261min00
shutterstock_384474928

Ќе ви треба:

170 мл млеко
30 г квасец
1 лажичка шеќер
1,5 лажички сол
50 мл масло
100 мл јогурт
1 јајце
1 белка
600 г брашно
300 г шунка
100 г путер
1 жолчка
сусам

Подготовка:

Загрејте го млекото малку додека не биде млако и тргнете го од оган. Потоа додадете го издробениот квасец, една лажичка брашно и една лажичка шеќер. Потоа оставете да отстои 20 минути или така додека не нарасне. Истурете го нараснатиот квасец во голем сад и додадете го јајцето, маслото, јогуртот, солта, белките и брашното и месете го тестото. Потоа оставете го околу 40 минути. Потоа поделете го нараснатото тесто на 2 дела. Секој дел расукајте го во круг и исечете го на 16 дела. Потоа ставете парче шунка на секој и замотајте го.