
Еден од истражувачите исто така истакна дека постојат разлики помеѓу преработениот и сировиот мед.
Според неодамнешна студија објавена во списанието Nutrition Reviews, а за која известува Fox News, консумирањето сиров мед добиен од еден цветен извор може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и да го намали нивото на холестерол, доколку е дел од здрава исхрана. „Овие резултати се изненадувачки бидејќи медот се состои од околу 80% шеќер. Не велиме дека треба да почнете да јадете мед ако моментално го избегнувате шеќерот; овде станува збор повеќе за замена. Ако користите обичен шеќер, сируп или некој друг засладувач, замената на тие шеќери со мед би можела да ги намали кардиометаболичките ризици“, изјави во соопштение за јавноста Таусиф Кан, виш истражувач на студијата и соработник во областа на нутриционистичките науки на Медицинскиот факултет „Темерти“ при Универзитетот во Торонто.
Истражувачи од Торонто спроведоа систематски преглед и мета-анализа на 18 клинички испитувања, во кои учествуваа повеќе од 1.100 испитаници, со цел да се утврди влијанието на медот врз кардиоваскуларните и метаболичките фактори на ризик, се наведува во соопштението за студијата. „Во нашата студија ги комбиниравме резултатите од сите испитувања врз луѓе кои го проучувале влијанието на медот врз метаболичките болести“, рече Кан.
Сега се знае што е прво…
Нова студија потврдува поврзаност: Депресијата може да биде директна причина за појава на дијабетес тип 2.
Консумирањето мед се поврзува со пониски нивоа на гликоза во крвта, вкупен холестерол и триглицериди. Кан објасни дека степенот на намалување на гликозата и холестеролот е „клинички многу мал“. „Сепак, тоа покажува дека нема штета од консумирањето мед и дека дури и мало намалување може да биде корисно на долг рок“, појасни тој.
Кан напомена дека постои разлика во здравствените придобивки помеѓу преработениот и сировиот мед. Тој објасни дека конвенционалната преработка на мед вклучува цедење и филтрирање, проследени со краткотрајно загревање за да се намали влажноста и содржината на квасци. Иако ова го прави медот полесен за ракување, тој всушност го оштетува, предизвикувајќи многу од неговите биоактивни соединенија да ја изгубат својата ефикасност. 3
Разлика во години
Таа има 25, а нејзиниот сопруг 69 години: „Сите постојано зјапаат во нас, но нашата љубов е вистинска.“
Тој препорача луѓето да размислат за вклучување мед во исхраната, доколку „уживаат во неговиот вкус и сакаат да внесат разновидност во својата севкупна исхрана“. Исто така, предложи луѓето да експериментираат со замена на шеќерот со мед, но напомена дека, бидејќи медот е посладок, ќе бидат потребни помали количини. Продолжението на статијата е под видеото.