
Ранч сосот е еден од најпопуларните ладни преливи и сосови во светот, познат по својот богат, малку кисел и зачинет вкус кој одлично оди со месо и салати.
Доколку сакате брзо да подготвите домашна верзија, ви донесуваме еден проверен рецепт.
Состојки:
- 200 грама мајонез
- 100 грама павлака (или грчки јогурт)
- едно чешне лук (или малку лук во прав)
- една лажичка сушен копар или магдонос
- една лажичка сушен власец (по желба)
- една лажичка сок од лимон или бел оцет
- сол и бибер по вкус
- една до две лажици млеко (доколку е потребно за поретка текстура)
Подготовка:
Во сад измешајте го мајонезот и павлаката додека не добиете мазна смеса. Додадете го лукот, кромидот во прав, зачините и сокот од лимон. Добро измешајте сè додека состојките не се соединат.
Доколку сакате, додадете малку млеко за да го направите сосот поретко и покремаст. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути пред сервирање за да се спојат вкусовите. Овој популарен сос може да се сервира со печено месо, како и со пилешки медалјони и друго пржено месо, но и како дресинг за салата.