
Состојки:
3 јаболка со средна големина, излупени и изрендани
150 г гриз, 80 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво
70 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 лажички цимет
200 мл газирана вода (или растително млеко), 60 мл масло
Подготовка:
Измешајте ги изренданите јаболка, течните состојки и засладувачите, а потоа додајте ги сувите состојки и измешајте. Оставете ја смесата да отстои 10 минути за да може гризот да набабри. Ставете ја смесата во калапи за печење (полнејќи ги до 3/4 од капацитетот) и печете 20–25 минути на 200°C.