
Сочен за колач сите пригоди.
Ќе ви требаат:
3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша јогурт
1 чаша брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 чаша пченичен гриз
половина чаша масло
1 кесичка ванила
300 г вишни
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги белките со шеќерот и додадете го јогуртот, гризот, маслото, брашното и прашокот за пециво. Измешајте и истурете ја половина од смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете околу пет минути. Потоа извадете од рерна и додадете ја другата половина од смесата. Наредете ги вишните одозгора и вратете во рерна. Печете го колачот на 180 степени.