
Памела Андерсон внесе боја на црвениот тепих на Берлиналето, каде што прошета во комбинација од розова и пастелно зелена боја на премиерата на филмот „Rosebush Pruning“.
Додека Калум Тарнер и Дуа Липа беа во центарот на вниманието на црвениот тепих пред премиерата на филмот „Rosebush Pruning“, Памела Андерсон внесе малку боја на целиот настан.
Актерката се одлучи за долг фустан со розов горен дел кој беше во комбинација со драматична, волуменозна наметка во боја на мента, кои заедно создадоа впечатлива палета од пролетни нијанси. Стануваше збор за креација од Каролина Херера.

Фустанот елегантно ја следеше силуетата, а комбинацијата на бои беше дополнително нагласена со минималистичкиот избор на чевли и додатоци.
Нејзините светли прамени беа малку свиткани додека позираше за фотографите, а како и за време на претходните јавни појавувања, немаше шминка на лицето.
Покрај Андерсон и претходно споменатите Тарнер и Липа, на премиерата на филмот во Берлин присуствуваа и Џејми Бел, Лукас Гејџ и Трејси Летс.

„Rosebush Pruning“ е сатирична, темна драма и трагикомедија од бразилската режисерка Карим Аинуз, која ја имаше својата светска премиера во главната натпреварувачка програма на Берлиналето и беше номинирана за Златна мечка.
Филмот ги следи четири браќа и сестри од Соединетите Американски Држави – Џек, Ед, Ана и Роберт – кои живеат изолирано во луксузна вила на југот на Шпанија.

На почетокот, нивниот секојдневен живот зрачи со бесцелен луксуз и отуѓеност – тие ги игнорираат барањата на нивниот слеп татко, барајќи смисла и афирмација преку меѓусебни односи, материјални предмети и празни социјални настапи.
Сè се менува кога постариот брат Џек одлучува да се пресели кај својата девојка Мара (Ел Фенинг), што предизвикува сериозни тензии во семејството. Во тој процес, Ед (Калум Тарнер) почнува да открива тајни за смртта на нивната мајка (ја игра Памела Андерсон) – и ова постепено ги разоткрива генерациските лаги и ги ослабува врските што ги држеле заедно.