
Ако сакате да подготвите едноставен, вкусен и брз ручек, лазањите со зеленчук се идеален избор.
Ова јадење комбинира слоеви од печен зеленчук со стопена моцарела и крцкави кори за лазањи.
Состојки:
400 г полномасно сирење, 50 г рендан пармезан, 3 лажици сечкан босилек, ½ лажица мелен бибер, 1 лажица сол, 900 г сос од домати, печен зеленчук (како што се тиква, модар патлиџан, прокељ и домати), рендана моцарела.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°C и премачкајте го садот за печење со маслиново масло. Во сад измешајте ги сирењата, сечканиот босилек, биберот и половина лажица сол.
Потоа, истурете го сосот од домати во голем сад и додајте масло и сол. Наредете половина од корите за лазањи во садот за печење, па додајте слој од сосот од домати, печениот зеленчук и дел од полномасното сирење. Повторете ја постапката на редење со преостанатите состојки.
Завршете го јадењето со преостанатиот сос и моцарелата. Лесно покријте со алуминиумска фолија. Печете додека корите не омекнат (околу 25 минути), а потоа продолжете со печењето додека сирењето не се стопи, а рабовите не станат крцкави.
По печењето, оставете го јадењето да отстои 10 минути и украсете го со босилек.