Посниот колач со семки од афион и јаболка никогаш не бил поароматичен поради една состојка: Се прави без миксер и компликации

popara7 ноември, 20261min00
shutterstock_2274981447

Состојки:

250 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
200 г афионово семе
600 г јаболка
200 мл масло
150 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
Изрендана кора од еден портокал
200 мл вода

За чоколадната глазура:

5 лажици масло
200 г чоколадо за готвење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C. Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, афионовото семе, прашокот за печиво и изренданата кора од портокал. Добро измешајте и оставете настрана. Во друг сад измешајте ги водата и маслото, а потоа додајте ги изренданите јаболка. Додајте ги сувите состојки од првата смеса и мешајте додека сè убаво не се соедини, внимавајќи да ги раздробите евентуалните грутчиња брашно. Печете го колачот околу 35 минути, а потоа извадете го од рерната и превртете го наопаку. Отстранете ја хартијата за печење и прелијте го со чоколадото (претходно стопено заедно со маслото). Оставете ја глазурата да се стегне, а потоа исечете го колачот на коцки.