Пробајте го рецептот за торта од јагоди и мек пандишпан: Изматете ги состојките и печете

popara6 мај, 20261min00
b_260506043

Оваа сочна торта од јагоди е совршена комбинација од мек пандишпан и свежо овошје, идеална за пролетните и летните денови кога сакате нешто лесно и благо.

Она што ја прави посебна е тоа што е лесна и брза за подготовка.

Состојки:

500 грама јагоди
250 грама брашно
една кесичка прашок за пециво
200 грама шеќер
две кесички ванилин шеќер
две јајца
250 милилитри павлака
100 милилитри масло
прстофат сол

Подготовка:

Прво, изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додадете ја павлаката и маслото и повторно матете. Постепено додавајте го брашното и прашокот за пециво.

Матете ја смесата додека не се изедначи. Истурете ја половината од смесата во калап, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Додадете дел од исечените јагоди. Прелијте го другиот дел од смесата и додадете го остатокот од исечените јагоди.

Печете ја тортата во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Најдобро е пандишпанот да го проверите со чепкалка за заби за да бидете сигурни дека колачот е готов. Ако чепкалката излезе сува, колачот е готов. Кога ќе се олади, можете да го посипете со шеќер во прав.