
Нутела е омилен десерт за многумина, но ние можеме да направиме своја посна верзија идеална за велигденските посни денови.
Домашната Нутела направена од внимателно одбрани, природни состојки е совршен избор кога сакате да се засладите за време на посните денови, а притоа точно да знаете што јадете.
Благодарение на природните состојки и фактот дека не содржи дополнителни адитиви, оваа домашна Нутела е подобар избор за децата, бидејќи им обезбедува слатко задоволство без вештачки адитиви.
Домашната Нутела е лесна за правење, а вкусот е речиси ист како и купената верзија.
Состојки:
80 г индиски ореви
80 г урми
40 г какао
Лажичка ванила (по желба)
200 мл вода
Подготовка:
Прво, потопете ги урмите во топла вода и оставете ги да отстојат околу десет минути за да омекнат. После тоа, ставете ги заедно со другите состојки во блендер и мешајте додека не добиете целосно мазна и кремаста текстура. Готовиот крем префрлете го во затворен сад и чувајте го во фрижидер.