
Вистински спас од оставата, кој мириса на Медитеранот и стигнува на трпезата за точно 15 минути.
Состојки:
250 г тестенини
1 конзерва туна (парчиња)
150 г чери домати (пресечени на половина)
Една рака црни или зелени маслинки (исечени на кругови)
2 чешниња лук, оригано, сол, бибер и малку пармезан (по желба)
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода. Додека се варат тестенините, во тава ставете 2 лажици од маслото од конзервите со туна, додајте го ситно исечканиот лук и чери доматите, па пржете 3–4 минути додека доматите не омекнат. Додајте ја исцедената туна, маслинките и ориганото, па загрејте сè заедно уште 2 минути. Префрлете ги сварените тестенини директно во тавата (заедно со 2–3 лажици од водата во која се вареа тестенините, за да помогне во поврзувањето на сосот), промешајте и послужете.