
Лорен Милер Роген и Сет Роген пристигнаа на 78-мото доделување на наградите DGA синоќа и покажаа дека нивната љубов станува сè посилна со годините.
Режисерот Сет Роген (43) пристигна рака под рака со сопругата Лорен Милер (44) на доделувањето на наградите DGA, што се одржаа во саботата навечер во луксузниот хотел „Беверли Хилтон“. Роген беше номиниран и таа вечер за ко-режија на комедијата „Студиото“. Беспрекорно облечени, тие позираа за фотографите со насмевка, не криејќи ја својата нежност, покажувајќи уште еднаш колку нивната врска, која трае повеќе од две децении, само се зајакнува со возраста.
Нивната врска претходно ги исполнуваше медиумските наслови, најмногу поради одлуката што ја донесоа заедно на почетокот на нивниот брак, во кој влегоа пред 15 години – на 2 октомври 2011 година. Имено, по нивната венчавка, комичарот и неговата сопруга, сценарист и режисерка, одлучија да немаат деца, и истакнуваат дека никогаш не се покајале за таа одлука.
Роген отворено зборуваше за ова пред три години во подкастот „Дневникот на еден извршен директор“, каде што откри дека тој и Лорен се уште се „многу задоволни“ од својот избор. Кога водителот го праша дали со текот на времето се предомислиле, ѕвездата од „Соседи од пеколот“ и „Стив Џобс“ рече дека животот без деца му овозможил целосно да се посвети на својата кариера во текот на изминатите дваесет години.

„Бев фокусиран на она што ми беше поважно. Сè е прашање на избор“, рече Роген. Во интервјуто, тој дополнително објасни како тие денес го живеат животот што го сакаат. „Ние сме на нашиот врв, попаметни од кога било, се разбираме подобро и имаме капацитет за високо професионално ниво, но и за меѓусебна грижа и комуникација. Задоволни сме од начинот на кој живееме. Искрено, не би можеле да живееме вака ако имавме деца“, призна тој, додавајќи дека искуствата на пријателите кои станале родители им даваат реален увид во сите одговорности што ги подразбира таков живот.

„Да имаш дете значи да бидеш одговорен за него со децении – тоа не е мала работа. Некои луѓе сакаат деца, некои не. На крајот на краиштата, многумина ги имаат пред дури и да помислат на тоа“, рече тој. Водителот Стивен Бартлет, татко на три ќерки, се обиде да му објасни дека родителството не мора да значи занемарување на бракот или себеси, туку поинаква распределба на приоритетите.
Сепак, Роген не крие дека претпочита живот без големи семејни обврски, во кој може да го посвети целото свое внимание на сопругата. „Убаво ни е да лежиме голи во сабота наутро и да гледаме филмови. Да имавме деца, Лорен и јас тешко ќе си го дозволиме тоа“, заклучи комичарот.