
Моделот Бела Хадид „го запали Инстаграм“ објавувајќи фотографии на кои позира покрај река во мокра маица и долна облека. Таа привлече внимание со својата атрактивна облека.
Таа уживаше во краток одмор со своите пријателки, а во описот на објавата наведе: „Само девојки“. Објавата собра речиси 850.000 лајкови, а реакциите се нижат.
„Најубавата жена на светот“, „Толку сум среќна што ги правиш работите што ги правиме ние девојките кои не сме познати“, „Сцена од бајка“, „Изгледаш како сирена“, се некои од коментарите на Инстаграм.
Бела Хадид го помина летото работејќи, а неодамна беше претставена како заштитно лице на модната марка Ало. Во оваа пригода, таа напиша на Инстаграм: „Најновото девојче од Ало! Здравјето е богатство, душо!“.

Хадид, која има Лајмска болест, рече дека се чувствува благословена што претставува компанија чија облека ја носи повеќе од 10 години. Во промотивната кампања, таа зборуваше за важноста на чувството на удобност во сопственото тело секој ден.
Во изјава за ELLE, таа исто така рече дека денес го гледа успехот поинаку отколку порано. Наместо да работи нон-стоп и да брка нови одговорности, таа смета дека е поважно да има простор да ужива во животот, да се грижи за себе и да поминува време со луѓето што ги сака.