
Роден на истиот ден.
Мајкл Даглас сподели трогателна честитка за роденденот на својата сопруга Кетрин Зета-Џонс , со која го слави роденденот на истиот ден, 25 септември.
Актерот наполни 82 години, додека Зета Џонс го слави својот 57-ми роденден. За да го одбележи овој настан, тој објави извадок од своите претстојни мемоари на Инстаграм.
Книгата, насловена како „Едно пеколно возење“, ќе биде објавена на 6 октомври, а Даглас се осврнува и на нивниот речиси 26-годишен брак.
„Никогаш претходно не се заљубив во некој што го видов на големото платно. Сè додека не ја запознав Кетрин. Таа беше фасцинантна на начин што одеше подалеку од обичната физичка убавина. Бев сигурен, како никогаш досега во мојот живот, дека таа е вистинската личност за мене“, рече тој во извадокот што го сподели.

Заедно со извадокот од книгата, Даглас ѝ испратил на сопругата и лична порака.
„Тоа е момент што го доживуваш само еднаш во животот, ако имаш доволно среќа. Тој момент кога без сомнение знаеш дека ти е судено да бидеш со некого. Среќен роденден, Кетрин! Те сакам засекогаш“, напиша тој.
Заемни честитки
Кратко пред објавата на Даглас, Зета Џонс исто така ги прослави нивните заеднички родендени на Инстаграм.
„Среќен роденден, драга! Роденденски бакнеж до мојот сопруг Мајкл. Споделувањето на овој ден со тебе е исто толку посебно за мене како и самиот роденден. Те сакам“, напиша Зита Џонс покрај фотографијата на која се бакнуваат во морето.
Најстариот син на Мајкл, Камерон Даглас (47), од бракот со Диандра Лукер, исто така коментираше.
„Среќен роденден на двајцата најпрекрасни луѓе што ги познавам. Ви посакувам уште многу години исполнети со љубов и среќа“, напиша тој.
Прослава на 25 години брак
Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс се запознаа во 1998 година на Филмскиот фестивал во Довил, а се венчаа во 2000 година. Тие имаат две деца заедно, 26-годишниот син Дилан и 23-годишната ќерка Карис. Минатиот ноември ја прославија 25-годишнината од бракот, која ја одбележаа и со емотивни објави.
„На овој ден пред 25 години, одев по олтарот. Опивачкиот мирис на цвеќе, сјајот на свеќите, ехото на хармоничен велшки хор, и ти на крајот од тоа долго патување, чекајќи ме и гледајќи ме на свој уникатен начин. Те сакам денес колку што те сакам и тогаш“, напиша Зета Џонс, потсетувајќи се на нивната свадба.