
Ако забележите дека вашите нокти се кршливи и склони кон лупење, причината најчесто е неправилна исхрана и недостаток на витамини, како и губење на природната влажност.
Хидратацијата на ноктите е клучна
Една од главните причини за кршливи нокти е дехидрацијата. Затоа е важно да:
· пиете доволно вода
· редовно користите креми за раце
· нанесувате масло за нокти и кутикули.
Најдобар избор се производи со природни состојки, како што се шеа путер, масло од јојоба, авокадо и витамин Е. Нанесете масло за нокти секоја вечер за да може да се апсорбира и регенерира преку ноќ.
Соодветната нега спречува лупење на ноктите
Малите промени во вашата рутина можат да направат голема разлика:
· користете благи сапуни
· избегнувајте топла вода
· не ги сечете кутикулите
· со турпијата секогаш полирајте ги ноктите во една насока.
· избегнувајте производи со ацетон и груби хемикалии бидејќи тие ги ослабуваат ноктите.
Третман со природно масло за обновување на ноктите
Еден од најефикасните начини за зајакнување на ноктите е третманот со масло:
· потопете ги ноктите во топло маслиново, бадемово или кокосово масло (10 минути)
· додадете неколку капки лимон за дополнителен сјај
· потоа нанесете богат крем и ставете памучни ракавици.
Правете го овој третман еднаш неделно и брзо ќе ја забележите разликата.
Исхрана за силни нокти
Здравјето на ноктите доаѓа и одвнатре. Вклучете во вашата исхрана:
· јајца и јаткасти плодови (биотин)
· лосос и семки (омега-3)
· зелен зеленчук (железо и цинк).
Вашите нокти наскоро ќе станат силни и повеќе нема да се лупат и кршат.