
Ќе ви треба:
500 г кикирики
5 лажици масло
3 лажици шеќер во прав
2 лажички мед
прстофат сол
Подготовка:
Печете ги кикириките околу 20 до 25 минути во рерна загреана на 170 степени, мешајќи повремено. Потоа изладете ги и сомелете ги во блендер или процесор за храна. Потоа додадете го медот, солта, шеќерот во прав и маслото. Повторно сомелете додека смесата не стане хомогена и не формира паста. Префрлете го путерот од кикирики во тегла и цврсто затворете го.