
По секој циклус, оставете ја вратата на машината за перење малку отворена за да овозможите циркулација на воздухот низ барабанот и да го намалите задржувањето на влагата.
Мувлата во вашата машина за перење се развива затоа што внатрешноста на апаратот останува влажна долго време, а таквите услови се погодни за раст на мувла. Ако проблемот се игнорира, наслагите можат да го затнат одводот и на крајот да доведат до неправилно функционирање на апаратот.
Експертите од Santa Cruz Appliance Repair наведоа дека наједноставниот начин да се спречи растот на мувла е да се проветри барабанот по перењето.
„Еден од најлесните начини да се спречи растот на мувла е да се остави вратата на машината малку отворена по секој циклус. Ова овозможува циркулација на воздухот во барабанот и помага да се исуши преостанатата влага“, наведуваат тие.
Баранот, како и гумената заптивка околу вратата, се особено чувствителни, бидејќи овие области често содржат вода, нечистотија и мувла. Затоа, се препорачува, покрај вратата, повремено да се остава отворена и фиоката за детергент за да се овозможи побрзо испари влагата.
За дополнително одржување, доволно е да ја избришете вратата и гумената заптивка со крпа еднаш неделно. Белиот оцет се издвојува како често користено средство за чистење бидејќи, како што е наведено, поради неговата киселост, помага во отстранувањето на мувлата без поагресивни препарати.
Корисен чекор е да вклучувате празен циклус еднаш месечно на 60 или 90 степени, со неколку лажици бел оцет во фиоката за детергент. Овие навики не траат повеќе од десет минути месечно, а можат да спречат непријатни мириси и акумулација на мувла во машината.