
Љубовта не е единствениот фактор што ја обезбедува долговечноста на врската или бракот; благодарноста исто така се издвојува како посебна емоција која носи бројни придобивки.
Според експертите, паровите кои често си изразуваат благодарност еден на друг се многу посреќни во своите бракови од другите.
Кај среќните парови, благодарноста се манифестира преку зборови, гестови или постапки со кои партнерите знаат дека се забележани, ценети, почитувани и сакани.
Експертите за врски истакнуваат дека секој во романтична врска има одредени основни потреби. Тие вклучуваат потреба за потврда, потреба за интимност и блискост, како и потреба за поддршка.
Практикувањето и изразувањето благодарност ќе ѝ користат на вашата романтична врска. Овие постапки значително придонесуваат за одржување на мирот и среќата во врската, пренесува Your Tango. Покрај тоа, клучот лежи во малите, редовни гестови кои покажуваат дека му посветувате внимание на партнерот.