„Искри летаат меѓу нив“: Русокосата актерка и познатиот шармер имаат љубовна врска

popara22 мај, 20262min00
profimedia-1077699769

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер.

Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том Круз (63). Иако ниту еден од нив не ги коментираше гласините, приказните за нивната блискост не стивнуваат.

Сè започна откако Том Круз наводно ја пофалил улогата на Памела во филмот од 2024 година „Последната шоугерла“, за кој беше номинирана за Златен глобус. Како што објавија странските таблоиди, двајцата се во чести контакти оттогаш, а некои извори тврдат дека меѓу нив има многу повеќе од колегијален однос.

Филмот што го промени мислењето за Памела

Многумина веруваат дека овој филм покажа сосема поинаква страна на Памела Андерсон и ја потсети јавноста дека зад нејзиниот имиџ на заводлива русокоса лежи сериозен актерски талент.

„Филмот ги натера луѓето да ја гледаат Памела со други очи, вклучувајќи го и Том Круз“, изјави извор за американските медиуми.

Актерката направи голем камбек во последните години, а многумина забележуваат дека таа денес зрачи со сосема поинаква енергија отколку порано.

Лиам Нисон до неодамна, сега Том Круз

Памела Андерсон неодамна беше поврзана со актерот Лиам Нисон, со кого работеше на филмот „Голиот пиштол“. Сепак, подоцна објасни дека емоциите меѓу нив постоеле кратко време по снимањето, но дека денес тие се само добри пријатели.

„Имавме искрени чувства, тоа не беше маркетиншки трик“, рече Памела во едно интервју.

Сега вниманието на јавноста е насочено кон друг колега, ни помалку ни повеќе – Том Круз. Иако двајцата сè уште не се видени заедно, сите во холивудските кругови зборуваат за афера, но дека засега добро ја кријат.

Љубовта живее под лупа на јавноста

Памела Андерсон имала безброј кратки афери и пет бракови, од кои најпознат е нејзината бурна врска и бракот со музичарот Томи Ли.

Том Круз, од друга страна, со години многу внимаваше да го заштити својот приватен живот. Претходно беше во брак со Никол Кидман, Кејти Холмс и Мими Роџерс, а во последниве години ретко зборуваше за љубовта јавно.