Како да се ослободите од слатките: Исчистете го вашето тело од шеќер за 3 недели!

popara4 јуни, 20264min00
secer-shutterstock_1172472271

Исчистете го вашето тело од шеќер за 21 ден.

Прекумерниот внес на шеќер е директно поврзан со зголемување на телесната тежина, акни, лош сон и дигестивни нарушувања. Иако шеќерот најчесто е скриен во слатките, тој се наоѓа и во белиот леб, житарките, овошните јогурти, готовите преливи, па дури и кечапот.

Поради сериозните здравствени последици, вклучувајќи го и ризикот од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, многу луѓе се прашуваат како да се одвикнат од шеќерот и да го исчистат своето тело. Одговорот е – постепено, преку добро осмислен план од 21 ден.

  1. Првите 7 дена: постепено елиминирање и замена

На почетокот, не мора веднаш целосно да го елиминирате шеќерот. Заменете го со природни засладувачи како мед, стевиа или кокосов шеќер. Набргу потоа, елиминирајте ги и нив од вашата исхрана. Првата недела е најтешка, може да се појават главоболки, замор, па дури и грчеви, што се нормални реакции на телото при влегување во детоксикација на шеќер.

  1. Фрлете ги сите производи што содржат шеќер

Направете драстичен рез: донирајте или фрлете ги сите слатки и индустриски производи со додадени шеќери. Ова вклучува:

  • леб и печива од бело брашно
  • готови сосови и преливи
  • јогурти од овошје
  • конзервирано овошје и сокови
  • грицки со додаден шеќер

Следниот пат кога ќе одите во продавница, прочитајте ги етикетите и изберете производи без додаден шеќер.

  1. Базирајте ја вашата исхрана на свежо овошје и зеленчук

Наместо преработена храна, фокусирајте се на природна, непреработена храна:

  • јадете свежо овошје умерено (тие се богати со природни шеќери кои не предизвикуваат зависност)

гответе ги своите оброци

  • за „напад на желба“ јадете 2-3 суви смокви, кајсии или неколку суво грозје

Овие намирници содржат витамини, минерали и влакна кои помагаат во контролата на апетитот.

  1. Грицкајте јаткасти плодови

Јаткастите плодови, како што се бадемите, ф’стаците и лешниците, се богати со растителни влакна, што значи дека ве држат сити подолго време и ги намалуваат вашите желби за шеќер. На пример, 100 г бадеми обезбедуваат 50% од вашите дневни потреби за растителни влакна и се идеална грицка помеѓу оброците.

  1. Јадете повеќе протеини од растително потекло

Протеините го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат чувството на глад. Најдобрите извори на протеини од растително потекло и здрави се:

  • мешунки (грав, леќа)
  • јајца
  • риба и морски плодови
  • пилешко и мисиркино месо
  • млечни производи (без додаден шеќер)

Кои се придобивките од исфрлањето на шеќерот од вашата исхрана?

Ако го следите 21-дневниот план за детоксикација од шеќер, можете да очекувате следниве промени:

  • Рамен стомак без надуеност
  • Поздрава и почиста кожа, отстранување на акни
  • Поквалитетен сон
  • Повеќе енергија и концентрација
  • Здрави заби и непца
  • Подобро варење и полесно празнење на цревата.