
Уште еднаш, таа ги загрижи сите со својот изглед.
Американската актерка и поранешна ѕвезда на детски ТВ-емисии, Аманда Бајнс, беше фатена како шета во Лос Анџелес каде повторно се загрижи за својот изглед. Имено, актерката во последно време е во лоша состојба.
Пред две години, таа се пријавила во Центарот за ментално здравје бидејќи сметала дека не е добро, како што објавија странските медиуми во тоа време. Имено, Бајнс страда од биполарно растројство, а претходно консумирала разни опијати.
Мајката на Аманда била нејзин старател од 2013 година, кога сфатила дека нејзината ќерка има проблеми. Старателството на Аманда било прекинато во 2022 година и се чинело дека третманот ѝ помага и дека работите се подобруваат, но најновите фотографии повторно ги загрижија сите.


„Тешко е да ја гледам ваква“, „Се вознемирувам само гледајќи ја“, „О, не се чувствува добро“, „Зошто никој не ѝ помага?“ се само дел од коментарите што можат да се најдат на социјалните мрежи.
За потсетување, Аманда е најпозната по улогите во филмовите „Сè што може да посака девојката“, „Љубовен бродолом“, „Таа е најдобрата“… Иако уживаше голема слава и ѝ се предвидуваше одлична кариера, во последните години е позната само по скандалите.