
Напиток кој ја ублажува кашлицата.
Одредени намирници се сметаат за корисни за лекување на кашлица бидејќи содржат важни хранливи материи кои можат да го зајакнат имунитетот и да го смират грлото, а една од нив се бананите.
Бананите содржат антиоксиданси кои се борат против воспалението. Тие се полни со витамини Ц, Б6, калиум и диететски влакна, кои помагаат во зајакнување на имунитетот и ублажување на симптомите на кашлица.
Банана сируп направен од мед лечи болки во грлото, смирува лоша кашлица и помага во лекување на бронхитис, според традиционалната индиска медицина. Сè што ви треба за овој лек се две зрели банани, две лажици мед и зовриена вода.
Природен сируп за кашлица
Состојки:
400 мл зовриена вода
2 средни зрели банани (со црни точки на кората)
2 лажици мед (липа или багрем)
Подготовка:
Излупете ги бананите, згмечете ги со дрвена вилушка или лажица и измешајте ги со зовриена вода. Оставете да отстои 30 минути. Процедете ја смесата откако ќе се олади, ако сакате бистар сируп. Додадете мед и мешајте додека не се растопи. Ако сакате погуст сируп, додадете повеќе мед. Пијте го сирупот неколку пати на ден, по 100 мл. Ќе почувствувате олеснување во рок од пет дена.
Забелешка: Консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да го користите овој сируп.