Колку ли ослабе! Опра Винфри (72) носи тесни фармерки – сега дури и девојките ѝ завидуваат на фигурата!

popara8 март, 20265min00
Опра Винфри

Опра Винфри навистина блескаше кога пристигна на модната ревија на “Chloe” на Неделата на модата во Париз. Американската водителка изгледаше сензационално, и тоа во најобична комбинација! Елегантно и младешки – ова се зборовите со кои би можеле да го опишеме нејзиниот изглед, кој веќе некое време ги освојува насловните страници, според AOL.

Таа пристигна на настанот во друштво на нејзината долгогодишна пријателка Гејл Кинг, со која седеше во првиот ред на ревијата. Сепак, 72-годишната водителка го привлече целото внимание кога прошета во широки сини фармерки и кремаста блуза, преку која облече модерна кратка кожна јакна.

Насмеаната водителка изгледаше сензационално, а сето тоа го надополни со пар обетки и очила за сонце. Задоволно им се насмевна на фотографите, но и на сите минувачи и беше една од најзабележителните личности на ревијата.
Иако денес е значително послаба, водителката пред три години призна дека зема лекови за слабеење, но е и сериозно посветена на здрав начин на живот. На пример, вежба шест пати неделно, често оди на планинарење и слично. „Не препознавам личност која се чувствува тромаво кога не вежба“, изјави Винфри за “People” во декември.

Во врска со губењето на тежината, Винфри претходно изјави: „Мислев дека сè е во дисциплината и волјата. Но, престанав да се обвинувам себеси. Се чувствувам пожива и поенергична отколку што сум се чувствувала досега.“ Таа, исто така, откри како престанала да пие алкохол: „Не сум пиела со години. Фактот дека веќе немам желба за тоа е прилично неверојатен. Едвај ја препознавам жената во која се претворив. Но, таа е среќна жена.“