Лиснати „пакетчиња“ со шунка: Вкусни, брзи и крцкави, малечките ги обожаваат

popara26 јануари, 20261min00
SnapShot(5)

Ќе ви требаат:

150 г сирење
1 јајце
малку прашок за пециво
100 г рендана шунка
неколку лажички ајвар
неколку кори со средна дебелина
малку масло
малку вода
сусам
јогурт или кисело млеко за сервирање
малку кечап или мајонез, по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте го сирењето и јајцето со вилушка, потоа додадете малку прашок за пециво и оставете настрана. Развлечете една кора и лесно наросете со вода и масло. Намачкајте го подготвеното сирење на долната третина од кората и намачкајте малку ајвар и една шака рендана шунка врз сирењето. Преклопете ја кората еднаш, па повторно и повторно лесно премачкајте ја со масло. Потоа преклопете сè уште три пати додека не добиете убаво квадратно или малку издолжено пакетче. Премачкајте го секое пакетче со масло и наросете со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 до 40 минути додека не стане многу крцкаво. Сервирајте топло со јогурт, а децата можат да додадат кечап или мајонез по желба.